Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ алармира за тендер за набавка на гуми во МВР

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од институциите да  ја испитаат набавката на гуми во Министерството за внатрешни работи во 2019 година и онаа од март годинава.

Пратеникот Игор Јанушев на прес-конференција објави дека се местеле тендери за пневматици и при јавната набавка се фаворизирал еден понудувач.

-До нас пристигнаа информации кои фрлаат сомнеж дека така „скроена“ спецификација е направена при распишување на оглас за набавка на пневматици од страна на МВР, кој бил распишан на 09.10.2019 година, а за кој имаме сомнежи и информации доставени од свиркач дека помошник-министерот во МВР задолжен за јавни набавки – Андријана Савеска Павловска, вршела притисок врз лицата кои го изготвуваат огласот да ја променат спецификацијата, со што таа би можела да фаворизира еден понудувач, изјави Јанушев.

Реклама

Според Јанушев, Савевска Павловска во тој момент не му била надредена на лицето што ги подготвувало тендерската документација и огласот, а за притисокот бил известен и тогашниот помошник-министер кој е сега во пензија, но од МВР, како што рече, две години се молчело за овој случај.

-Со одлука на МВР тендерот е добиен од страна на „Пнеуматик груп“ ДОО Скопје, врз основа на најниска понуда, но по жалба од „Мотоцентар“ жалбата се усвојува и се враќа на повторно одлучување, по што МВР повторно одлучува исто и повторно го избира „Пнеуматик груп“ ДОО Скопје. „Мотоцентар“ уште еднаш се жали, но повторно неуспешно, за на крај МВР да ја поништи постапката и повторно да распише нов оглас, објасни Јанушев.

На новиот оглас, кој е распишан на 16.3.2021 година, повторно е избрана фирмата „Пнеуматик груп“ ДОО Скопје, а одлуката повторно е во постапка по жалба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од следната недела кодови за патување, од јуни и свадби

Next Post

Апелација го врати во живот предметот „Русковска против ВМРО-ДПМНЕ“, за Мицкоски ова е нарачка

Реклама