Dark Mode Light Mode

Со речиси 11 милиони евра Мијалков може да си оди од Шутка

Обвинителството ја прифати понудената гаранција од Сашо Мијалков од над 10 милиони евра за да излезе од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор.

-Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзината замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, велат од ЈО.

Мијалков беше осуден за незаконска набавка на опрема за следење на интернет комуникација со што го оштетил Буџетот за над 800.000 евра.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зел автомобил со капар од Гостивар и го трампал за производи во Арачиново

Next Post

Сетете се на пожарникарите не само на 20 мај, им требаат плати и услови за работа секој ден!

Реклама