Во Скопје времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
И на останати подрачја во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Од ноќеска ќе започне и слаб до умерен повремен дожд кој претежно ќе завршува во ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен најпрвин западен ветер, а во петок ќе дува засилен северен ветер (и над 70 км/ч) кој ќе е најизразен долж поширокото Повардарие. За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.