Полицијата информира за нова измама со купопродажба на половни возила, која се случила на територијата на Гостивар.
Триесети седум годишниот A. M. усно се договорил со Ш. Р. (67) од Гостивар да купи од него патничко возило по што му дал дел од парите и ветил дека преостанатиот дел ќе му го даде по проверка на исправноста на возилото кај механичар. По тоа, пријавениот не се јавувал на повиците, а возилото го компензирал за производи со лице од селото Арачиново, соопшти МВР.
По преземените мерки, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а А. М. е приведен.