20 мај е ден на пожарникарите во Македонија, далечната 1836 во Битола е првиот противпожарен одред. Долга историја.
Но долга е и недореченоста околу пожарникарите. Дали пожарникарите, луѓето кои чуваат животи, главните спасувачи за време на пожари и други вонредни состојби, денес, од оваа перспектива се доволно дпбро третирани за својот професионален третман во Македонија? Често пати годините наназад јавноста слуша дека на пожарникарите им недостигаат возила, униформи, средства за работа, уште побезбедни услови за ваква ризична професија…
И не само тоа, слушавме и за партиски вработувања, но и за скандали во набавки на пожарникарски скали… Ретко се слушна израз на задоволство од пожарникарите дека за нивните реални потреби и подобри услови за работа некој се погрижил.
И денеска функционери ќе се фотографираат со македонските пожарникари за да се одбележи денот. Но тоа е моментален пи-ар ефект за функционерите, ама исто толку моментален и кога станува збор за присетување на маките и тешките услови за работа на пожарникарите.
Надлежни, сетете се на нив не само кога треба да се одбележи денот. И подобрете го пожарникарството во Македонија.