Dark Mode Light Mode
Сонце со умерени облаци и повремен дожд
Русија ја одобри вакцината „Спутник В“ произведена во Србија, ќе набавува ли Македонија од Белград?
Шест филмски фестивали ќе го прикажуваат „Дедо и внук“

Русија ја одобри вакцината „Спутник В“ произведена во Србија, ќе набавува ли Македонија од Белград?

Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ во Белград и одобри во иднина во овој српски институт да се произведува вакцината против корона вирусот, „Спутник В“.

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ја произведува вакцината „Спутник В“, беше соопштено на состанокот што вчера во Москва го одржаа министерот во Владата на Србија и претседател на Мешовитиот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ и директорот на институтот „Гамалеја“ Александар Гинцбург, пренесува новинската агенција „Спутник“.

Поповиќ потсети дека сериите за валидација на вакцината од „Торлак“ беа испратени за тестирање на Институтот „Гамалеја“ минатиот месец.

Реклама

Институтот „Гамалеја“ потврди дека вакцините произведени во „Торлак“ ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет.

-Денес од нашите руски партнери ја добивме таа потврда и добивме одобрение да продолжиме со производството, истакна Поповиќ.

Тој посочи дека во следните две недели очекува од Русија да пристигне во Србија значително количество супстанција за производство на двете компоненти на вакцината.

Инаку, познато е, минатиот месец македонскиот министер за здравство Венко Филипче при псоетата на Белград најави дека српскиот институт „Торлак“ ќе биде стратешки партнер македонските власти за набавка на вакцини против Ковид-19.

-Ние за оваа година го имаме обезбедено и нарачано потребно количество  вакцини. Но, со оглед на тоа што многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска, во иднина институтот „Торлак“ ќе биде првото место каде што ќе се обратиме за набавка на вакцини, кажа изјави Филипче по средбите во институтот „Торлак“.

Сепак останува да се види како ќе се развиваат работите во иднина, особено по завчерашното протерување на руски дипломат од Македонија. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сонце со умерени облаци и повремен дожд

Next Post

Шест филмски фестивали ќе го прикажуваат „Дедо и внук“

Реклама