Dark Mode Light Mode

Анкета: Владата не ја ужива довербата на мнозинството граѓани

Мнозинство од граѓаните во Македонија (56,6%) немаат доверба во Владата, односно 38% целосно, а 18,6% донекаде немаат доверба. Извршната власт ја ужива довербата на 42,0% од граѓаните кои рекле дека целосно (11,1%) или до некаде (30,9%) имаат доверба во неа.

Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“ посветено на некои актуелни политички прашања, што го спровела агенцијата М- проспект, добиени со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

Меѓу оние кои немаат доверба, побројни се етничките Македонци од кои речиси две третини (64,4%) рекле дека немаат доверба, за разлика од околу една третина (33,9%) кои имаат доверба во Владата.

Реклама

Речиси обратна е ситуацијата кај етничките Албанци од кои 61,8% рекле дека имаат доверба во Владата. Припадниците на другите заедници се речиси поделени во довербата односно недовербата, а за 3 пп се побројни оние кои имаа доверба во Владата (51,5%).

Најизразени се разликите кај симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Големо мнозинство од симпатизерите на СДСМ (96,1%) имаа доверба во Владата, а речиси ист процент од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (96,6%) немаат доверба во неа.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За владините функционери најверојатно кинески вакцини по Велигден

Next Post

Павле Трајанов: За пратениците ни најавија „Фајзер“, а нè вакцинираa со „Спутник В“

Реклама