Dark Mode Light Mode

И денеска над 30 починати – 489 новозаразени, но од помал број тестирања

И денеска висока бројка на починати лица. Според статистиката што ја објави

Министерството за здравство пријавени се вкупно 33 починати лица во изминатите 34 часа: 15 од Скопје (47г , 52г , 56г , 63г , 68г, 68г, 70г, 77г , 78г , 84г, 84г, 84г, 84г, 85г и 91г), петмина од Прилеп (59г, 68г, 75г, 78г и 87г), тројца од Охрид (74г, 76г и 87г ), по двајца од Куманово (56г и 84г) и Тетово (65г и 80г), и по еден починат е пријавен од Битола (65), Гостивар (81), Штип (80), Свети Николе (67), Кавадарци (80) и Демир Хисар (52). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 155, Битола – 52, Куманово – 47, Прилеп – 27, Струмица – 25, Охрид – 21, Тетово и Велес по 19, Штип – 18, Кочани – 16, Кичево -15, Радовиш и Виница по 10, Гостивар и Струга по 7, Кавадарци – 6, Крива Паланка и Богданци по 5, Гевгелија, Берово и Демир Хисар по 4, Неготино и Ресен по 3, Валандово – 2 и по еден во Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица.

Реклама

Регистрирани се 905 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943, од кои 7.968 од Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Коце Трајановски опоменува: Брзиот автобуски транспорт може да предизвика хаос

Next Post

Ако не се гради кај „Холидеј ин“, компанијата инвеститор ќе тужи - ќе плаќа Центар

Реклама