Dark Mode Light Mode

Павле Трајанов: За пратениците ни најавија „Фајзер“, а нè вакцинираa со „Спутник В“

Замената на вакцини на „Фајзер“ со „Спутник“ при денешното вакцинирање на пратениците е измама, реагира денеска пратеникот и лидер на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој е револтиран од она што му претходеше на денешното вакцинирање на пратениците бидејќи во последен момент министерот за здравство и Министерството за здравство решиле народните претставници да се вакцинираат со руската вакцина. На оваа претходеа коментари на социјалните мрежи дека пратениците ќе бидат привилегирани оти се вакцинираат со „Фајзер“.

Кога пратениците утрово пристигнале на термините за вакцинација им било соопштено дека ќе се употребува руската вакцина „Спутник“.

-Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса. Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара, сподели Трајанов на фејсбук.

Реклама

Дел од пратениците кои се имунизираа денеска со првата доза изјавија дека никој претходно не им кажал со која вакцина треба да се вакцинираат.

Претседателот на парламентот Талат Џафери рече дека неговата обврска била само да достави список.

-Моја обврска беше да доставам список со потребни податоци на сите пратеници и службеници, а негодувањата, тоа е нивно право. Секој има право да негодува и да се одлучи дали ќе прими или не вакцина и не можам да се мешам во таа одлука, рече Џафери.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Анкета: Владата не ја ужива довербата на мнозинството граѓани

Next Post

Заев најави отказ за директорот на Пазарна зашто јавно му се спротивставил

Реклама