Dark Mode Light Mode

Заев најави отказ за директорот на Пазарна зашто јавно му се спротивставил

Премиерот Зоран Заев најави дека директорот на Пазарната инспекција Стојко Пауновски кој јавно се спротивстави на распоредувањето на дел од „рамковните“ вработени во институцијата која ја води, ќе биде разрешен.

За разлика од вчера, кога Заев само му упати порака дека не може да се спротивставува на одлуки на Владата, денеска тој беше подиректен – Пауновски ќе добие отказ затоа што се расправал со него и со потпретседателот на Владата, секојдневно и јавно.

-Секој ден да водите полемики со потпретседателот на Владата, со претседателот на Владата  е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да се почитува, таа е поставена и треба да финкционира, рече Заев.

Реклама

Тој смета дека тоа што Пауновски си дозволил јавно да прави вакви коментари, понижувајќи ги, како што рече своите претпоставени, е доволна основа за негово разрешување и очекуа службите да отворат постапка.

За потсетување, директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски не прифати да потпише решение за прием на 35 „рамковно вработени“ со образложение дека само 12 од нив имаат соодветно образование.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Павле Трајанов: За пратениците ни најавија „Фајзер“, а нè вакцинираa со „Спутник В“

Next Post

Коце Трајановски опоменува: Брзиот автобуски транспорт може да предизвика хаос

Реклама