Владините претставници ќе се вакцинираат по празникот Велигден, кога ќе пристигнат и првите поголеми количини вакцини, најави министерот за здравство Венко Филипче. Според најавите, првата поголема пратка од 200 илјади вакцини се очекува да биде испорачана од кинески „Синофарм“ на 28 април.
-Владините претставници се пријавени на интернет-страницата vakcinacija.mk, така што, кога ќе пристигнат првите поголеми количини, а тука мислам пред сѐ на кинеските вакцини, за кои е најавено дека ќе стигнат околу 28 април и ќе бидат дистрибуирани ширум државата, во вторник веднаш после Велигден да започне вакцинацијата со тие вакцини, мислам дека ќе бидат на ред и други институции што спаѓаат во критичната инфраструктура, изјави Филипче во салата „Борис Трајковски“ каде денеска се вакцинираат пратениците.