Dark Mode Light Mode

Коце Трајановски опоменува: Брзиот автобуски транспорт може да предизвика хаос

Авантура која не треба да се реализира бидејќи може да предизвика хаос во градскиот транспорт е намерата на градоначалникот Петре Шилегов да воведе брз автобуски транспорт, смета Коце Трајановски, поранешен скопски градоначалник. Во денешната објава на Фејсбук, Трајановски наведе и повеќе причини зошто смета дека проектот е неприфатлив.

– Проектот кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров ќе го уништи средишното зеленило на булеварите „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“. Патниците треба да поминуваат 3 ленти за да стигнат до автобуските постојка кои ќе бидат на средина на булеварите или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона. Со ова за дупло се загрозува безбедноста. Покрај тоа, на секоја станица треба да има пешачки натпатници, што е многу скапо и патниците нема да ги користат, наведува Трајановски.

Тој додаде дека посебно ќе биде загрозена главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1.600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани е градена 1967-1968. Таа се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на булеварот Партизански одреди, така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици.

Реклама

Трајановски е категоричен дека времето на патувањето нема да се намали за двојно од сегашното, дека патниците нема да сакаат да го користат оти ќе има малку станици, а посебен проблем ќе биде што на трасата нема да сообраќаат други автобуси освен БРТ и дека е неиплатливо да се воведува таков систем во должина од само 12 километри.

– Доколку се сака забрзување на сообраќајот со истите финансиски средства би се изградила подземната сообраќајница од Влада до Комплекс банки која ќе го скрати патувањето за половина час и во автобускиот и во автомобилскиот превоз од Аеродром до Карпош т.е исток – запад и обратно. Втора рута за која се оставени проекти во градот е подземната сообраќајница позади „Рамстор“ со иновативни кружи текови на две нивоа која комплетно го решава проблемот со сообраќајот од насока од Карпош до Кисела Вода и Аеродром  и обратно. Со изградба на подземните сообраќајници автомобилскиот сообраќај во централното градско подрачје би се намалил за најмалку 50 проценти, а со тоа се зголемува просторот за пешачки зони и велосипедски сообраќај, потенцира Трајановски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев најави отказ за директорот на Пазарна зашто јавно му се спротивставил

Next Post

И денеска над 30 починати - 489 новозаразени, но од помал број тестирања

Реклама