Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ со предност од 0,8 отсто пред СДСМ во пресрет на локалните избори

На локалните избори, 22,4 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ, за ДУИ и Алијанса за Албанците би гласале 8, односно 6,2 отсто, а за Левица 5,2 проценти, покажува анкетата на МЦМС што ја спровела агенцијата „М-проспект“, телефонски, во периодот од 17 до 24 март 2021 година, на национален репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.

Исто така, резултатите покажале и дека вкупно една третина од граѓаните или 34 проценти е неизвесно за кого ќе гласаат на седмите локални избори во Македонија наесен. Од нив, 15,2 отсто рекле дека нема да излезат на гласање, а 15,9 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. Најмладите се најмногубројни меѓу оние за кои е неизвесно за кого ќе гласаат со процент од 37,3 отсто.

Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат и градоначалниците кои со нив управуваат. Малку над половината или 50,6 отсто имаат доверба за разлика од 47,5 отсто од граѓаните кои немаат доверба.

Реклама

Етничките Албанци со 74,3 проценти и припадниците на другите заедници со 59,1 проценти имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци, кај кои таа доверба изнесува 41,3 проценти.

Анализите на овие податоци покажале дека половина од граѓаните сметаат дека нивниот градоначалник не заслужува да биде реизбран. Така, вкупно 57,0 отсто од етничките Албанци сметаат дека нивниот градоначалник заслужува да биде реизбран за разлика од 37,9 проценти од етничките Македонци.

Симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат дијаметрално спротивни ставови за реизборот на градоначалниците. Имено, 81,8 отсто од симпатизерите на СДСМ сметаат дека градоначалниците заслужуваат нов мандат, додека 87,0 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие не заслужуваат да бидат реизбрани.

Според резултатите од направеното истражување на МЦМС, тројцата најдобри градоначалници се: Митко Јанчев -Кавадарци, Арбен Таравари – Гостивар и Максим Димитриевски -Куманово. За нив се изјасниле 10,5 отсто, 7,5 отсто односно 6,8 отсто од испитаниците.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Верувале или не: Шутка доби гинеколог

Next Post

Македонските и бугарските историчари „заглавија“ на нашите учебници по историја за седмо

Реклама