Dark Mode Light Mode
ВМРО-ДПМНЕ со предност од 0,8 отсто пред СДСМ во пресрет на локалните избори
Македонските и бугарските историчари „заглавија“ на нашите учебници по историја за седмо
Доаѓа викенд, а со тоа и дождот

Македонските и бугарските историчари „заглавија“ на нашите учебници по историја за седмо

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања не постигнаа договор за учебниците во Бугарија, а темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не беше воопшто дискутирана.

На средбите изминатите два дена се разговарало за забелешките на бугарските претставници за македонските учебници по историја за седмо одделение, а како што соопшти МНР, тоа било за пристапот и формата на препораките за учебниците.

Заклучокот е: Остануваат големите разлики во пристапот и погледите како да се формулираат препораките за учебниците по историја, велат од македонското Министерство за надворешни работи по состаноците на Комисијата.

Реклама

Од македонска страна биле предложени неколку идеи како да се надминат точките во учебниците што имаат потенцијал да ја политизираат историјата и со тоа да поттикнуваат нови или ги одржуваат во живот политичките спорови.

Поради долгата и исцрпна дискусија за учебниците, темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не била воопшто дискутирана.

Следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 10 и 11 јуни.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ со предност од 0,8 отсто пред СДСМ во пресрет на локалните избори

Next Post

Доаѓа викенд, а со тоа и дождот

Реклама