Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на прес-конференција најави дека три милиони евра, односно 184,5 милиони денари, пари од државниот Буџет, ќе бидат насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт.
– Вкупно 184,5 милиони денари, односно 3 милиони евра, ќе се насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер. 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти досега добиле спортски ваучер. Со оваа владина одлука, усвоена на 65-тата седница, на наменските сметки на спортските субјекти на кои им се издадени ваучери за 2021 година, ќе им бидат уплатени најмногу до 30 проценти од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена во официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт, рече Мојсоски.
Управата за јавни приходи до Агенцијата за млади и спорт ќе достави листа на спортски субјекти кои се корисници на спортскиот ваучер и кои имаат поднесено и одобрено барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти.
Веднаш потоа, Агенцијата за млади и спорт ќе изврши евалуација на листата и до УЈП ќе достави листа на спортски субјекти и износ за користење на остатокот од ваучерот кој им издаден за 2021 година, по што конечната листа ќе биде доставена до Генералниот секретаријат на Владата и ќе следува исплатата.