Вкупно 1 687 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 688 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 23 примени пациенти и седум биле примени на Инфективната клиника, во Козле биле примени тројца нови, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени пет пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти со ковид.