Угостителите од понеделник најавија дека ќе излезат на протест ако не се исполнат нивните барања за еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти што се затворени.
Тие обвинуваат дека не постои континуитет на економските мерки за задржување на работните места и опстанок на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето што работат во овој сектор.
-Цела година сме предмет на јавно линчување, иако помошта што ја добивме беше минимална и обременета со многу критериуми, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Комората.
Тие бараат и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени, мораториум или репрограмирање со грејс-период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка сѐ додека Владата не им дозволи да работат без рестрикции.