Каде се тука правдата и правичноста што треба да бидат темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од сопствениот двор?
Со вакцо прашање Здружението на судската администрација реагира на листата за приоритетна вакцинација изготвена на 12 април и бара информација од Судскиот совет врз основа на кои критериуми ги изработува листите за вакцинирање вработени во судовите.
Судиските службеници велат дека на оваа листа се нашле само членови и вработени во Судскиот совет, претседатели на судови и судии, а тие се целосно изоставени.
-Според националната техничка група за имунизација против ковид-19, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, но нејасно е како тоа на листата за вакцинирање, без исклучок, постои само една категорија вработени во судовите, се наведува во реакцијата на судската администрација до Судскиот совет.
Објаснувањето од судкста администрација, зошто треба да бидат на оваа приоритетна листа е дека тие работат во писарниците и канцелариите со повеќе свои колеги, без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание, со што во континуитет го загрозуваат своето и здравјето на своите семејства.