Dark Mode Light Mode

Косовец не застанал со возилото на Блаце и бегајќи повредил двајца полицајци

Подигнато обвинение против странец кој не сакал да застане на граничен премин. Имено, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против еден косовски државјанин за кривично дело – загрозување на безбедноста на сообраќајот. Тој на граничниот премин Блаце не застанал на даден знак од полицаец и продолжил да вози, при што удрил во полициско возило и повредил полициски лужбеници.

Обвинетиот на 2 април управувал патничко моторно возило ‘Ауди А4’, со косовски регистарски ознаки, кај граничниот премин Блаце, во насока од Косово кон Македонија. Кога пристигнал до полициската станица на граничниот премин, не застанал на даден знак од полицискиот службеник за да го престрои возилото за пасошка контрола, не застанал ниту кај кабината на Царинската управа и продолжил да вози.

Полицискиот службеник излегол од станицата и издал усна наредба за запирање на возилото по што двајца полициски службеници со службено возило се упатиле да го запрат. Го престигнале на 4 километри од граничниот премин, му дале светлосна и звучна сигнализација да застане, но обвинетиот продолжил со голема брзина да вози по магистралниот пат кон Скопје. Полициските службеници го заобиколиле возилото за да го принудат да запре, но во тој момент обвинетиот, во обид да побегне, директно удрил во полицискиот автомобил. Од ударот двајцата полициски службеници добиле телесни повреди.​​

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Две децении ветувања за 12,5 километри пат до Блаце

Next Post

Бизнисмени за случајот „Меѓународен сојуз“: Присуството на Ременски и Кирацовски ни влеа доверба па му дадовме 360.000 евра на Боки-13

Реклама