Dark Mode Light Mode

Се бара притвор за камионџијата кој предизвика сообраќајка во која загинаа две лица

Поднесен е предлог за притвор на возач на камион кој се сомничо за предизвикување тешка сообраќајка со смртни последици. Имено, гостиварското основно јавно обвинителство поведе постапка против српски државјанин, поради сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Осомничениот, на 13 април управувал со камион – влекач МАН со полуприколка со српска регистрација на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел.

Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во автомобил „Хјундаи акцент“ со скопска регистрација кој се движел во спротивен правец.

Реклама

Во несреќата, на самото место починал возачот на автомобилот, а подоцна еден од сопатниците им подлегна на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така имаат тешки телесни повреди.

Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување притвор.​​

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Нема потреба од нови нарачки на вакцини, обезбедени се 2,6 милиони дози

Next Post

Скопје со 68 нови хоспитализирани со ковид, вкупниот број малку се намалува

Реклама