Dark Mode Light Mode

Судската администрација револтирана: На списоците за вакцинација се само судии

Според Националната техничка група за имунизација против Ковид-19 вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, како тоа на листата за вакцинирање постои само една категорија на вработени во судовите, реагира денеска Здружението на судска администрација. Тие реагираат на Листата за вакцинирање и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ја изработи листата за вакцинирање на вработени во судовите.

Неофицијално се дознава дека судските службеници реагираат на тоа што на оваа листа се нашле само членови и вработени во Судскиот совет, претседатели на судови и судии, додека дека тие се целосно изоставени.

Во соопштението се поставува прашањето зошто Судскиот совет не побара информација за бројот на заболени судски службеници од Ковид-19 во изминатите месеци кои ги карактеризираат непочитување на мерките и препораките на Владата и Комисија за заразни болести во најголем број од судовите.

Реклама

-Можеше ли тие бројки да бидат помали доколку посериозно се менаџираше работењето во вакви пандемиски услови? Чувствува ли во судството некој одговорност што за разлика од органите на државната управа и единиците на локална самоуправа, во судовите и понатаму судските службеници работат во писарниците и канцеларии со повеќе свои колеги без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание со што во континуитет го загрозуваат и своето и здравјето на своите семејства. Каде е тука правдата и правичноста која треба да биде темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од „сопствениот двор”?, се наведува во реакцијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Без дозвола возеле 22 лица, 17 телефонирале и возеле...

Next Post

Филипче: Нема потреба од нови нарачки на вакцини, обезбедени се 2,6 милиони дози

Реклама