Сообраќајната некултура си царува на скопските улици. Полицијата уверува дека ја намалува.
Во изминатово деноноќие биле казнети вкупно 190 возачи поради најразлични сообраќајни прекршоци.
-Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 22 мерки, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за возење без возачка дозвола. Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти денеска МВР.
Дали овие контроли и казни вродуваат со задоволителен плод? Се повторуваат бројките секој ден, а очигледно е и на самите улици дека „здивените“ возачи се сеприсутни.
Од МВР уверуваат дека контролите ќе продолжат.