Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштадот, а не пак да направи нешто ново, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се наведува дека градот имал среќа што мрзливиот Шилегов наследи среден град со широки улици и булевари.
-Да требаше да чекаме тој да ја проширува „Партизанска“, „Илинденска“ или „Теодосиј Гологанов“, уште ќе се возеше по тесни сообраќајници. Четири години ништо не изгради, се што прави е премачкување со асфалт на новите булевари кои му ги остави ВМРО-ДПМНЕ. Дури и кога ќе се фати да прави нешто, тоа е ливада од 300 квадрати која чини 260.000 евра. Односно со други зборови – „Аман Петре седи, не фаќај ништо кај и да е уште 5 месеци ќе поминат”, се наведува во соопштението.
Најголемата опозициска партија додава дека колку е градот запустен говорат улиците кои се полни со ѓубре, дивите депонии кои не ги реши, запуштените паркови.