Dark Mode Light Mode

Точак ќе возиме само на тераса, три се украдени во Скопје за еден ден

Топлото пролетно време овозможува поголемо користење на велосипеди низ Скопје. Но за жал тоа го донесе и старо-новиот проблем за скопјани – кражби на велосипедите.

Само вчера, тројца граѓани во групата „Украдени точаци“ на Фејсбук пријавија дека им се украдени скапоцени велосипеди од од центарот на Скопје. Тие дури објавија и снимки од крадците.

-Украден ми е КТМ ултра, сив со црвено, заклучен со сајла со бројчаник, за ограда од локал на ул.Македонија“, се си има на камера, во 9:15 си доаѓаат човечињата, нешто се прошуњуваат до точакот, во 9:30 во обратен правец си бегаат со точакот, напиша во објавата една граѓанка.

Реклама

Друг граѓанин наведува дека велосипедот „Идеал“ му е украден вчера во Дебар Маало, на улица „Орце Николов 145 помеѓу 20:00 и 22:00 часот од зграда на 5 ти спрат.

Украден е точак Специализед 2021 Рокхупер Спорт 27.5 величина М, денес пред хотел Солун -центар Скопје. Ако некој знае инфо за дечково што го краде точакот или го препознае точакот Ве молам да ме исконтактирате, апелира трет граѓани..

Вакви реакции и лани кога беше сезона за возење точаци имаше многу во градов. Но, ретко кој од крадците беше фатен.

-Ова веќе веќе преоѓа дрскостпартали направијаВо рок од три дена двајца крадци ги има на три разлицни камери фатени како крадат и никому ништо, коментираа скопјани на социјалните мрежи.

Дел од граѓаните директно го прозиваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за поголем ангажман на полицијата. Другите, пак, укажуваат дека точаците треба да се чуваат на безбедни место и со подобри синџири за заклучување.

Но, сигурно, главен лек е да се откриваат крадците за кои скопјани веќе имаат подебели фото-албуми кои полицијата треба поревносно да ги листа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Германската комисија за вакцинација: Вакцинираните под 60 години да не ја примаат втора доза на „Астра Зенека“

Next Post

Во Британија пријавени 30 случаи на згрутчување на крвта по вакцинирање со „Астра Зенека“

Реклама