Препорака до граѓаните кои веќе примиле прва доза на вакцина против корона вирус „АстраЗенека“ да се ревакцинираат со вакцина од друг производител упати германската комисија за вакцинација (СТИКО).
-Додека не бидат достапни соодветни податоци, СТИКО им препорачува на помладите од 60 години наместо втора доза на „АстраЗенека“ по 12 недели да им се даде доза на мРНК вакцина, се нагласува во соопштението објавено на веб-страницата на оваа организација.
Вакцините со мРНК ги вклучуваат оние кои ги произвеле компаниите Фајзер/Бионтек и Модерна.
На почетокот на оваа недела, Германија соопшти дека вакцината на „АстраЗенека“ треба да им се дава само на луѓето над 60-годишна возраст поради ретките, но сериозни појави на тромбоемболиски несакани ефекти. Препорака дојде откако во оваа земја биле регистрирани 31 случај на тромбоза како несакан ефект.