Со тешки телесни повреди се здобило малолетно девојче во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на подрачјето на општина Бутел.
-Вчера во 18.10 часот на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ш.Ф.(28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. По ова тој го напуштил местото на незгодата. Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.