Dark Mode Light Mode

Војската вратена на јужната и на северната граница

По вчерашната одлука на Владата, да ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на државата за да се спречи транзитирање на мигранти, претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ја врати војската на јужната и на северната граница, која вчера ја повлече.

Повлекувањето беше поради истекувањето на важноста на претходната одлука за кризна состојба (на 31 март), а поради блокадата на Собранието таа не беше продолжена.

Владата вчера на седница донесе нова одлука со која кризната состојба повторно се воведува до 30 дена, а е наменета за спречување на транзицијата на нелегални мигранти и за заштита од ковид.

Реклама

Кризната состојба на овие две граници е воведена од 2015 година и според неа војската заедно со граничната полиција се грижи да нема нелегални влезови на овие две граници.

Но, колку е можно стопроцентно да се спречат вакви нелегални велгувања на мигранти е друг проблем, а на тоа укажуваат секојдневните информации за фаќање на шверцери кои со комбиња и автомобили, а некои и во камиони пренесуваат лица главно од Блискиот исток, кои транзитираат низ земјава одејќи кон западните земји.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Рекордни 87 пациенти хоспитализирани вчера во скопските ковид-центри

Next Post

Tешко повредил малолетничка удирајќи ја со возило во Бутел и побегнал

Реклама