Dark Mode Light Mode

Рекордни 87 пациенти хоспитализирани вчера во скопските ковид-центри

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани рекордни 87 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство. Во соопштението се додава дека вкупно 686 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

– Бројот на приеми во изминатите денови е зголемен и, утрово, до 8 часот, имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места, се наведува во информацијата.

Инаку, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.720 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Реклама

Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 45 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден, а во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Британија пријавени 30 случаи на згрутчување на крвта по вакцинирање со „Астра Зенека“

Next Post

Војската вратена на јужната и на северната граница

Реклама