Dark Mode Light Mode

Со „Астра Зенека“ кај нас ќе се вакцинираат само лицата над 60 години, за другите се чека ставот од ЕМА

Ние ќе го чекаме официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА) за употребата на „Астра Зенека“ во односна возраста, а во меѓувреме, продолжува имунизацијата на повозрасните категории граѓани со оваа вакцина.

-По укажувањето на германската агенција и канадската дека има такви случаи со што го паузираа давањето на ова вакцина на „Астра Зенека“ на помлади возрасни групи, чекаме официјален став од ЕМА која следната недела треба да има и официјален состанок и ќе го почекаме тој став заради тоа што сигурноста на пациентите односно на граѓаните ни е на прво место. Многу е веројатно дека ќе се докаже тоа дека апсолутно ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем отколку компликациите што се јавуваат од вакцината што значи дека вакцината ќе се препорача и за помладата категорија граѓани, но додека не го добиеме тој официјален став на ЕМА, нема да брзаме, изјави Филипче.

Девојката кај која се појави тромбоцитна реакција по вакцинацијата со „АстраЗенека“ се чувствува добро, има добра клиничка слика, стабилна е и вон животна опасност, и засега нема друг ваков случај во земјава.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Анкета: Педесет проценти од граѓаните би се вакцинирале, ама со „Фајзер“, „Спутник V“...

Next Post

Заев и министрите летале со хеликоптер оти имале потреба од штедење време при сечење ленти

Реклама