Dark Mode Light Mode

Заев и министрите летале со хеликоптер оти имале потреба од штедење време при сечење ленти

Со хеликоптер на МВР во Прилеп денеска од Скопје допатуваа премиерот Зоран Заев и министерите за здравство и за труд и социјална политика Венко Филипче и Јагода Шахпаска. Зошто толку големи трошоци се прават? Вака реагираа граѓаните на информацијата. Реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

А, денеска премиерот во регионот на Прилеп и Битола присуствува на официјално пуштање во употреба на новиот 400/110 киловатен трансформатор во станицата „Битола 2“, на отворањето на модуларна болница и на почеток на работите за изградбата на детска градинка во Прилеп. Запрашан од новинарите дали пристигнале со хеликоптер, Заев одговори:

-Да, со хеликоптерот на МВР, Јас, министерот Венко Филипче и Јагода Шахпаска, рече кусо Заев во Прилеп.

Реклама

Реакциие на граѓаните беа бурни на социјалните мрежи.

-Вучиќ не имунизира, Филипче си лета со хеликоптер, коментира една корисничка на Твитер.

Од Владата официјално објаснија дека причината за користење на хеликоптерот на МВР е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето.

-Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата, изјавија од Владата за порталот „Плусинфо“.

Навистина, мораше ли толку да се брза и за сечење ленти да се користи хеликоптер?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со „Астра Зенека“ кај нас ќе се вакцинираат само лицата над 60 години, за другите се чека ставот од ЕМА

Next Post

Во многу помал број, но со ист декор и пораки: Протест за случајот „Монструм“ пред Владата

Реклама