Регулаторот на Велика Британија соопшти дека досега се идентификувани 30 случаи на згрутчување на крвта по примени 18 милиони дози „Астра Зенека“ или 25 повеќе отколку во претходниот извештај, пренесува Макфакс.
На 18 март регулаторот пријавил пет случаи на згрутчување на крвта по употребени 11 милиони дози од оваа вакцина. Вчера беа пријавени 25 случаи на згрутчување во мозокот и осум други случаи на згрутчување на крвта кај луѓе со многу мал број тромбоцити по 18,1 милиони дози од вакцината.
Здравствените власти продолжуваат да веруваат дека придобивките од вакцината во спречувањето на корона вирусот го надминуваат можниот ризик од згрутчување на крвта. Иако, станува збор за исклучително мал процент на вакви случаи, дел од европските земји за одредено време ја суспендираа употребата на „Астра Зенека“ за одредена категорија граѓани. Според ЕМА и СЗО, ставот е дека вакцината е безбедна и дека нејзините придобивки се многу поголеми во однос на заштитата од корона вирусот.
Од друга страна, главниот американски специјалист за инфективни болести, Ентони Фаучи изјави дека САД може и да не ја користат вакцината „АстраЗенека“. Тој нагласи дека САД потпишале доволно договори со други производители на вакцини за да ја имунизираат целото население.
– Се уште не е решено дали ќе се користи вакцината „Астра Зенека“, рече Фаучи, додавајќи дека САД веќе имаат доволно вакцини за да ги покријат сите потреби без употреба на оваа вакцина.