На територијата на град Скопје во изминатово деноноќие изреченa е вкупно 191 меркa на возачите кои ги прекршиле сообраќајните правила и прописи, соопшти денеска МВР.
–Сообраќајната полиција казни 42 возачи за брзо возење на територијата на Скопје, а меѓу казнетите се и четворица возачи почетници, имаше и 11 санкции за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник, информира полицијата.
Брзото возење низ Скопје станува вообичаена работа. Сега гледаме дека тоа ги охрабрува и почетниците возачи. Да се надеваме дека ќе гледаме почесто казнување од страна на полицијата.
Инаку, изречени се и десет санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас и 68 санкции за непрописно паркирани возила.
Полицијата уверува дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.