Dark Mode Light Mode

Ветија – остварија: Алијанса и Алтернатива со над 3.000 амандмани на антикризните закони

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе поднесат над 3.000 амандмани на антикризните закони со кои треба да се даде зелено светло за државната помош за бизнисот погодени од пандемијата.

Координаторот на пратеничката група на партиите на Села и на Гаши, Скендер Реџепи пред почетокот на седницата на Комисијата за финансирање и буџет најавена за 18.30 часот, изјави дека пратениците веќе ги потпишуваат амандманите.

Седницата на матичната собраниска комисија е закажана откако претходно владејаќкото мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ ги усвоија во прво читање трите закони поврзани со антикризните мерки – Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход.

Реклама

За одлуката за продолжување на кризната состојба поднесени се преку 400 амандмани.

Откако ќе поминат во комисијата, тие е се вратат на конечно одобрување на пленарна седница.

Доколку се постигне некаков договор, тогаш би можело вечерва по завршување на седницата за пратенички прашања да бидат донесени овие закони, но имајќи ги предвид илјадниците амандмани, ова е тешко остварливо.

Во Собранието во тек е седница со пратенички прашања.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Словенија чекори во третиот бран на пандемијата, се најавуваат нови мерки

Next Post

„Горан Стефановски“, „Буштур“, „Енвер Малиќи“, „Столтенбергова“ - кои се новите имиња на скопските улици и мостови

Реклама