Dark Mode Light Mode

Словенија чекори во третиот бран на пандемијата, се најавуваат нови мерки

Расте бројот на заразени и хоспитализирани ковид-пациенти во Словенија, особено во последните две недели. Тамошната владата размислува за ново затворање од почетокот на април, што е потврдено на владина прес-конференција.

Министерот за здравство, Јанез Поклукар, изјави дека Словенија силно зачекорила во третиот бран на епидемијата, главно поради значително поголемото ширење на британската варијанта на вирусот, така што во последните две недели бројот на потврдени инфекции расте за 25 случаи на ден.

Исто така, забележано е зголемување на бројот на помлади пациенти на одделенијата за интензивна нега, а расте и процентот на британската варијанта на вирусот меѓу заразените, предупреди тој.

Реклама

Поклукар потврди дека на синоќешната владина седница била донесена одлука, според која во земјата од петок ќе може да се влезе само со негативен ПЦР-тест, а не со брз како досега, со многу ретки исклучоци. Негативен ПЦР-тест исто така ќе биде услов за излегување од карантин, а не само бројот на денови во изолација, како што беше досега.

Министерот соопшти дека владината експертска група за Ковид-19, поради ширењето на вирусот и зајакнувањето на епидемијата, предложила затворање делови од социјалниот живот додавајќи дека одлуката на крајот ќе мора да биде политичка. Медиумите јавуваат дека епидемиолозите до владата предложиле ново двонеделно затворање.

Како што се наведува, поради влошената епидемиолошка состојба, владата му предложила на претседателот Борут Пахор што е можно побргу да го свика политичкиот врв на заедничка средба меѓу претседателите на сите политички партии, владата и епидемиолозите, со цел да се разговара за тоа и да се донесе одлука.

По критиките во јавноста на сметка на кампањата за вакцинација, во иднина ќе се води прецизна евиденција за категориите што се вакцинираат со цел да се избегнат неправилности, како прескокнување лица од приоритетните групи.

Досега Словенија доби речиси 350 илјади дози вакцини, а за април се ветени уште 347 илјади вклучувајќи ги и првите пратки од вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Според податоците на владата, во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 1.164 случаи на инфекција со коронавирус, со удел на позитивните тестови од 18,4 проценти. Просекот на дневно заразени во последните седум дена е 887, а починале уште четири лица, така што бројот на смртни случаи од ефектите на Ковид-19 се зголеми на 3.998 од почетокот на епидемијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов откри што е неопходно за успешно управување со кризи

Next Post

Ветија - остварија: Алијанса и Алтернатива со над 3.000 амандмани на антикризните закони

Реклама