Вкупно 1.448 лица во земјава се на болничко лекување од ковид, соопшти денеска Министерството за здравство.
Скопје, во изминативе 24 часа, одново го достигна врвот со дури 81 нов пациент.
Најмногу биле примени на интерните и хируршките клиники во Скопје – 46 приеми, во ГОБ „8 Септември“ примени се седум пациенти и 14 нови пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника. Во болницата во Козле примени се 4 нови пациенти и 5 деца на Клиниката за детски болести.
Или, на инфективните оддели во Скопје се лекуваат вкупно 613 лица. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Од извештаите од другите болници низ државата, најмногу после Скопје има во болницата во Битола каде се хоспитализирани 79 пациенти и во болницата во Штип – 60.