Деветнаесет годишна ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга вчера утрото во училишниот двор со остар предмет нападнала соученик.
Како што соопшти МВР, девојчето од струшкото село Долно Татеши со остар предмет нападнала соученикот и врсник од Струга.
Ученичката е повикана на разговор во полициската станица и засега нема други детали за причините за ваквиот напад.