Со тешки телесни повреди се здобил 20-годишен пешак кој бил удрен од автомобил во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во центарот на градот.
–Според информациите на МВР, вчеравечер во 20:30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул. ВМРО и ул. Максим Горки патничко возило „Рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(27) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(20) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата.