Dark Mode Light Mode

По цела година следење: Приведени 21 лице за трговија со дрога, се трага по уште сторители

Вкупно 21 лице осомничени за нелегална трговија со дроги до сега се приведени во полициската акција која што се спроведуваше од изутрина на подрачјето на селото Грчец во Сарај и во Гази Баба. Но, потрагата по другите осомничени продолжува и бројката на приведените извесно ќе биде поголема.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска соопшти дека акцијата била со цел сузбивање на трговија со дрога.

-Приведени се 21 лице, кои се наоѓаат во повеќе полициски станици. По одредени лица се уште се трага, доколку се пронајдат ќе бидат проведени повеќе лица. Ние имаме докази дека овие приведени лица сториле кривично дело недозволена трговија со опојни дроги и прекусори. Не сакавме пред акцијата да спроведеме и финансиска истрага. Стравуваме да не пропадне целата акција, но од понеделник ќе почне и финансиска истрага. Засега нема полициски службеници, но ќе се вршат вештачење и доколку се најде комунијација, сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица, рече Русковска.

Реклама

Таа објасни дека овој предмет е работен долго време и дека доказите се собирани цела година, се слушале телефони, се следеле осомничени и се собирале докази.  

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По хаотичниот почеток во Собранието: И волкот сит и овците на број

Next Post

Ковид во школите: 123 наставници и 76 деца од физичка настава во моментов се заразени

Реклама