Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 71 нов пациент поради компликации од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство. Во информацијата се наведува дека вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
– Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, се наведува во соопштението.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија. Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 26 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.