Февруари ќе биде покриен со плати, а за натаму се е во рацете на пратениците, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, говорејќи за новиот пакет антикризни мерки кој Владата го спакува, но се уште не е одобрен во Собранието.
Тој очекува дека наредната недела за кога е закажана собраниската седница, законите за економските мерки да бидат донесени, без политички игри.
-Време за политика ќе има кога ќе живееме малку подобро, без притисок на здравствената криза. Затоа сметам дека за една недела или десет дена законите ќе бидат донесени и помошта ќе стигне до сите на кои им е потребна, рече Битиќи.