Dark Mode Light Mode

Уште 15 починати од ковид, втор ден бројката на новозаразени е над 1.200

Во последните 24 часа, во земјава како последица од ковид -19 починаа 15 лица, додека од направени 3 761 тестирања, регистрирани се 1 216 нови заразени или 32 отсто, од кои над половина се од Скопје.

Починатите  се на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево, од кои 14 се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Најмногу од новите заразени се во Скопје – 624, потоа Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Реклама

Регистрирани се 111 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909, од кои 6.943 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Добивме платформа за се поврзано со вакцинацијата, уште да добиеме вакцини

Next Post

Уапсените на протестите за „Монструм“ утре на судење - им се заканува до 5 години затвор

Реклама