Dark Mode Light Mode

Повлечен учебникот по географија за втора година средно

Учебникот по географија за втора година гимназиско образование, за кој имаше забелешки дека содржи навредливи квалификации за албанската заедница во земјава е повлечен. Министерката за образование Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата со кое спорниот учебник се повлекува од настава.

Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002 година.

Комисијата констатирала дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат, согласно со дидактичко-методскиот пристап, за возраста на децата. Исто така, како што се наведува, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните што е спротивно на Законот за учебници за основно и средно образование.

Реклама

-Сите деца имаат право да учат од квалитетни учебници и наставни содржини. Во него имаше и спорни содржини, навредливи за Албанците. Повлекувањето на учебникот по географија е само првиот чекор во коригирањето на содржините од кои се образуваат учениците, изјави заменик- министерот за образование Арафат Шабани.

Тој најави дека ќе се отстранат сите учебници кои содржат неточни и невистинити содржини во соработка со сите професори, наставници и стручни лица од образованието и науката

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Уапсените на протестите за „Монструм“ утре на судење - им се заканува до 5 години затвор

Next Post

Сведочење на Орце Камчев: Бојан со „Меѓународен сојуз“ направи од цел град мајмуни

Реклама