Општина Центар денеска со механизација ја отстранува дивоградбата кој се наоѓа веднаш под Калето, откако инвеститорот и покрај решението, самостојно не ја урна.

Објектот кој денес се отстранува е објект од втора категорија, Б4 – деловен простор, изграден од армирано бетонска конструкција и блок – тули, и претходно беше делумно урнат со присилно административно извршување по решение на градежен инспектор.
Овој објект вака делумно урнат, беше една грда слика за делот под Калето кое е гордост на Скопје.