Dark Mode Light Mode

Асани по разрешувањето: Нема пропусти при интервенција кај родилката

По долгото молчење вчера разрешениот директор на струшката болница Мухамед Асани, кого дебарската родилка Јилдиз Веапоска го обвинува за вадење на три органи, реши да прозбори за целиот случај. Тој, во објава на Фејсбук, даде свое видување на случајот кој ја скандализираше македонската јавност. Во објавата, Асани, ја отфрла вината за вадењето на органите и наведува дека „чекал за случајот прво да се изјаснат надлежните институции“. Познато е, комисијатана Лекарска комора, каде Асани е функционер, се изјасни дека „немало пропусти при интервенцијата“.

-Констатација од некои портали и индивидуи кои или тенденциозно го прават тоа или немаат поим што значи медицина. Бубрегот е изваден од страна на хирурзите кои во моментот имале индикација за тоа, зашто само на тој начин можело да го спречат крварењето кое потекнувало од таму (сето ова е се документирано). Работата во тек на ова операција е многу тешка, која се прави во специјализирани клиники, но со голема посветеност и упорност од целата екипа, заврши успешно. Потоа пациентката беше препратена во КАРИЛ за интензивен мониторинг и понатамошна евалуација. При прием на пациентката, лекарите и специјалистите од таа Клиника ја оценија нашата работа максимално професионално завршена. Жалам што пациентката се соочи со една таква компликација, но после интервенцијата целата состојба им беше објаснета на семејството и текот на операцијата, напиша Асани.

Тој воедно посочува дека дел од порталите воделе кампања против него, не како лекар, туку како директор на Општа болница – Струга.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во скопските ковид-центри примени 71 нов пациент, слободни само 40-тина кревети

Next Post

Државната помош за граѓаните и фирмите е сигурна до февруари, натаму зависи од пратениците

Реклама