Пребрзото возење вчера беше најчест прекршок што го правеле возачите на скопското подрачје. Фактот што денот беше недела, вториот ден од викендот кога има помала фреквенција на возила, дел од возачите повторно го злоупотребија за да ги кршат прописите.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 60 возачи, соопшти денеска полицијата.
Инаку, изречени се и 23 санкции за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Имало и пет санкции за управување под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, пет возачи се санкционирани за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 16 за непрописно паркирани возила.
МВР уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.