Dark Mode Light Mode

Трошоците за живот не препознаваат дали е криза или не – растат

Трошоците за живот во февруари годинава, во однос на февруари  лани се зголемени за  1,9 отсто, а цените на мало за 1,8  отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос февруари-јануари годинава, има минимален пораст на трошоците за живот од 0,1 отсто, главно поради зголемувањето на цените на свежото и разладеното овошје за 2,7 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, виното за 0,8 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5 проценти, рибата и морските плодови, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти, лебот и житата, полномасното млеко за 0,2 проценти.

Во февруари, исто така, пораст е забележан и кај гасот за домаќинствата, моторните возила, информатичката опрема за обработка на податоците за 3,1 процент, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,4 проценти, медиумите за снимање за 0,9 проценти, снабдувањето со вода, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,7 проценти, патниот патнички транспорт за 0,6 проценти, големите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 проценти, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,4 проценти, мебелот и покуќнината за 0,3 проценти.

Реклама

Намалување на трошоците во февруари во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,7 проценти, сирењето и урдата за 0,2 проценти.

Исто така, намалување има и кај течните горива за домаќинствата за 18,6 проценти, обувките за 2,3  проценти, собирањето на отпадните води за 1,2 проценти, ткаенините за изработка на облека за 0,5 проценти,  облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0,4 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,3 проценти, домашните миленици и сродните производи за 0,2 проценти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Запленети 14 килограми хашиш, приведен албански државјанин

Next Post

Утре и задутре дожд, а по дождот доаѓа сонце

Реклама