Утре и в среда ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег.
Ваква е денешната најава од УХМР за влажниот бран кој доаѓа од ноќеска.
Пообилни врнежи од над 25 литри на квадратен метар ќе има во западниот дел од земјава особено во вторник во вечерните часови и во среда претпладне кога ќе почне да дува повремено силен северозападен ветер со брзина од над 65 километри на час.
Потоа ќе следува период на стабилно и се потопло време.