Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина „Спутник В“денеска се очекува да го објави дефинитивниот став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина, а најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица.
Она за што се решава е дали тоа да бидат старечките домови и со луѓето коишто се сместени таму или со дел од кадарот.
Повозрасните лица ќе бидат информираат преку матичните лекари за терминот и пунктот за вакцинација.
Се работи за 3.000 дози од руската вакцина кои стигнаа вчера, а најдоцна за три недели се очекува да ја добиеме и втората пратка, која би била всушност втората доза, но истовремено се разговара количината да биде многу поголема од првично предвиденото.
Вакцина против ковид-19 на „Фајзер“ заклучно со денеска примиле 3.546 здравствени работници, и тоа е единствената која до вчера ја имавме во државата, а беше донација од Србија.
За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 75.900 граѓани, а 52.351 преку матичен лекар, посочуваат од Министерството и додаваат дека од вкупно пријавените 128 251 за вакцинација, 60.959 се на возраст над 70 години.