Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно се лекуваат 343 лица.
Пораст има и во вкупниот број на хоспиталиизрани од ковид и на ниво на целаа државата – 860.
Најмногу приеми – 13 има на Инфективната клиника, додека на интерните клиники и во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ по еден, а во Козле биле примени двајца пациенти.
Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени тројца оздравени пациенти.