Dark Mode Light Mode

Заев нема заедништво ниту во сопствениот двор, а предлага широка коалиција и заедништвото

Пред се – одбивање, тоа е резултатот на идејата на премиерот Заев за создавање на широка влада со опозицијата. Тој образложи дека со тоа сака и да се постигне заедништво меѓу народот во Македонија. Но…

За неполни два дена Заев налета на категоричното одбивање од партиите со кои го обезбедува тенкото владеачко мнозинство од 62 пратеника.

Демократски сојуз, чиј лидер Павле Трајанов, денеска соопшти дека нема услови СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да формираат заедничка влада.

Реклама

-Ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искраен. Поради ова, наместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализација, стабилност на државата и економскиот развој, став е на оваа партија која е дел од владината коалиција.

Претседателот на Либерал-демократската партија, Горан Милевски, пак ја отфрли идејата дури и со ироничност:

-Ако си се сакат, нека си се земат. ЛДП на таква свадба нема да присуствува, напиша иронично Милевски на Фејсбук.

Одбивање дојде и од најголемиот коалициски партнер ДУИ за која ова е „дневна политика“.

-Мислам дека овие се некои настани кои произлегуват од дневна политика, нема нешто за истакнување, нема некои дијалози или слично за создавање некое партнерство за коалиција. Опозицијата како и секогаш има цел да ги кажат нивните забелешки бидејќи улогата на опозиција секаде е иста, да ја унапредат демократијата и да бидат дел од еден важен процес и нивна задача е да дадат несогласување со парламентарното мнозинството, изјави лидерот Али Ахмети.

Сето ова отвора повеќе прашања меѓу кои и тоа – како Заев ќе прави заедништво во Македонија кога го нема ниту во дворот на владината коалиција? 

Вака, како што тргна работата, особено и по одбивањето на предлогот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, излегува дека идејата на Заев стана само неколкудневна неуспешна тема.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полициски час во целата држава од 22 до 5 часот наутро предлага Комисијата

Next Post

Во недела: Од 168 казнети возачи, 60 возеле пребрзо по скопски улици

Реклама